Top Sport

Фјури: Пензија? Прво да го победам Вајлдер

Тајсон Фјури не ја исклучува можноста да стави крај на кариерата кога ќе му заврши договорот што го има со „ЕСПН“. Според актуелниот договор, Фјури мора да учествува во уште три борби.

Борбата што му следува против Дионтеј Вајлдер сигурно е најважна за него.

„Имам уште три борби според договорот. Потоа размислувам за пензија. Зошто? Бидејќи повеќе нема да имам причина да се борам. Што уште би можел да добијам? Кога во сабота ќе го победам Вајлдер ќе ја свртам играта. Ќе биде готово. Тоа значи дека ќе ги освојам сите титули, секој појас што постои“, рекол Фјури.

Дуелот во тешка категорија Вајлдер-Фјури на програмата е на 22 февруари. Претходниот нивни дуел, во 2018 годинаа, заврши нерешено.

Scroll to Top