Top Sport

Потоп на Вардар во Скопје – Веспрем направи +14 разлика!

Патот на Вардар во ЕХФ Лигата на шампионите практично заврши денеска, откако во првиот меч од осминафиналето против старите познаници Веспрем доживеаја вистинска катастрофа, пораз со астрономски 27:41 (11:21) во „Јане Сандански“.

Со тим полн со поранешни Вардарци, почнувајќи од тренерот Давид Дејвис, преку Манасков, Шишкарев, Мораеш, Борозан, Веспрем беа фаворити и пред пристигнувањето во Скопје, ни никој не очекуваше таква резултатска катастрофа на тимот на Стевче Алушовски.

Унгарскиот клуб водеше од самиот почеток на мечот, и веќе по дваесет минути игра имаа предност од шест гола (6:12), за на полувреме да порасне на огромни 10 разлика (11:21). Почетокот на второто полувреме донесе заддржување на оваа разлика, но потоа, Веспрем уште повеќе додаде гас и на дваесет минути пред крајот имаше 15 предност (21:36).

Словенецот Гашпер Маргуч не „растури“ со осум гола, Јахја Фати Омар додаде седум, а Борозан и Манасков имаа четири гола. За Вардар, Иван Чупиќ беше најефикасен со осум гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Вардар – Веспрем 27:41 (11:21)

Мотор Запорожје – Мешков Брест 32:30 (15:12)

Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Scroll to Top