Македонскиот шампион Вардар потврди дека нема да се одигра мечот од Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен на 1 декември откако во тимот имало повеќе позитивни тестови на КОВИД-19.
Во соопштението на Вардар стои:
„Откажано гостувањето во Париз
Планираното гостувањe во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите нема да се реализира. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Првично мечот требаше да се игра на крајот на октомври, но тогаш беше откажан.
По враќањето од Кјелце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.
Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е прошишано од здравствените власти.
Со оглед на фактот што здравјето на спортистите е најважно за резултатите од тестирањето ги информиравме ЕХФ и клубовите со кои сме играле. Вардар1961 и Кјелце одиграа два натпревари меѓусебе во изминатиот период. Прво на 19 ноември во Скопје, а потоа на 25 ноември во Полска.
Планирано беше во следниот период Вардар 1961 во следниот период да одигра три натпревари, два на гости против ПСЖ и Порто, и потоа на 10 декември со ПСЖ дома“.
Фото: РК Вардар