Top Sport

Поволна ждрепка за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ги дозна имињата на противниците со кои ќе се соочи во фазата по групи, во ракометната Лига Европа.

Жрепката во Виена на Еурофарм Пелистер во Д-групата му ги додели Татабања (Унгарија), АЕК (Грција), Спортинг Лисабон (Португалија), Ним (Франција), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија).

А група: Бидасоа Ирун, Бинтертур, Татран Прешов, Фуксе Берлин, Висла, Тулуз

Б група: Магдебург, Савехоф, Горење Велење, ПАУК, Ла Риоха, Нексе

Ц група: Нант, Чеховски Медведи, Кокс, Лемго, ГОГ Гудме, Бенфика

Пласман во наредната рунда ќе изборат по четири тима од секоја група. Групата во која е Еурофарм Пелистер ќе вкрсти со екипите од Ц-групата, по принципот првиот со четвртиот, вториот со третиот…

Натпреварите во Лига Европа ќе започнат на 19.октомври.

Scroll to Top