Top Sport

Поздрав до среќната тринаесетка – Миркуловски го игра последниот меч за Македонија

Филип Миркуловски го игра својот последен меч во дресот на Македонија, помагајќи на своите помлади колеги да се пласираат на нов Мундијал и така да ја продолжат серијата настапи на големите натпреварувања.

Популарниот „Жути“ пред стартот на мечот беше поздравен од илјадниците верни македонски навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, како и од претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.

38-годишниот Миркуловски беше дел од македонската репрезентација на Европските првенства во 2012, 2014 и 2016, како и на СП во 2013 и 2015 година. Тој одговори на повикот на капитенот и селектор, Кирил Лазаров за да помогне на подмладената репрезентација, a сега продолжува како член на неговиот стручен тим.

Фото: Игор Паневски/Тоспорт.мк

Scroll to Top