Top Sport

Позитивен на кокаин суспендиран на четири години

Ракометниот сојуз на Србија му изрече драконска казна на играчот На Железничар 1949 од Ниш, Бобан Живковиќ.

Како што е објавено на интернет страницата на Анти-допинг агенцијата на Србија, Живковиќ на 13 мај 2018 година бил позитивен на кокаин.

Поради кршењето на анти-допинг правилата, Ракометниот сојуз на Србија му изрече четири годишна суспензија.

Суспензијата започнала да тече од 28 ноември 2018 година.

Изречената казна значи и крај на кариерата на Живковиќ, бидејќи тој има 37 години. Инаку овој ракометар дел од кариерата има минато и во дресот на Металург.

Scroll to Top