Top Sport

Батистута признава дека сака да е директор на Фиорентина (видео)

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута признава дека би сакал да биде вклучен во бордот на Фиорентина, клубот каде што помина поголем дел од својата кариера.

Во неделата во Фиренца илјадници луѓе присуствуваа на настанот „Бати50“, во кое се оддаде почит на Батистута кој неодамна го прослави 50-тиот роденден и Аргентинецот беше воодушевен.

„Не очекував толку голема работа, иако знаев дека Фиренца ме сака. Си заминав пред 20 години, но љубовта секогаш беше тука. Не можам да ви опишам колку добро е чувството. Немам зборови. Ја чувствувам одговорноста да ја претставувам Фиренца низ светот и оваа љубов многу ми значи. Би сакал да станам директор на клубот, но и така ја претставувам Фиорентина. Знам дека зад мојата слика е Фиренца, но би сакал тоа да го правам официјално“, изјави Батистута.

Scroll to Top