Top Sport

Познати се четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Познати се четвртфиналните двојки во ракометната Лига на шампиони. Бранителот на трофејот Магдебург, во реприза на ланското финале ќе се сретна со Кјелце. За пласман на завршниот турнир ќе се борат и Кил и Монпелје, Алборг и Веспрем, односно Барселона и ПСЖ.

Во последните осминафинални натпревари немаше изненадувања. Во првиот меч Веспрем победи против Сегед со 37:30, а во вториот со 39:32.

ПСЖ на свој паркет ја победи Висла со 30:26, но не дозволи сензација, откако го доби и првиот меч во Полска со 34:33.

Завршниот турнир се игра во Ланксес арена во Келн.

Scroll to Top