Top Sport

ППД Загреб го раскина договорот со Вуко Борозан

Ракометниот клуб ППД Загреб објави дека клубот го раскина договорот со Вуко Борозан, Раскинувањето на договорот стапи на сила денеска.

„Договорот е раскинат поради тоа што играчот не беше во можност да ги исполни договорните обврски, односно не можеше соодветно да се подготви за новата сезона за додека траеја сезонските подготовки“, се наведува во соопштението.

Црногорскиот ракометар, еден од најдобрите леви бекови во Европа, требаше да биде големо засилување за клубот. Со Вардар во 2017 година ја освои Лигата на шампионите, а со ППД Загреб потпиша двегодишен договор.

Scroll to Top