Top Sport

Прекината сезоната во Шпанија, Барселона ја доби титулата

Ракометарите на Барселона ја освоија титулата во првенството на Шпанија откако националниот сојуз реши да ја прекине сезоната поради пандемијата што ја предизвика вирусот ковид-19. Во женска конкуренција титулата им припадна на ракометарките на Бере Бере.

Шпанската лига поради пандемијата беше прекината на 14 март, на 11 кола до крајот на сеозната. Барселона на табелата, во моментот кога е прекинато првенство, имаше 38 поени, пет повеќе од Адемар Леон и осум од Ла Риоха.

„По состанокот кој траеше три и пол часа донесовме вонредна одлука поради ситуацијата низ која минуваме“, рекол во видео обраќање првиот човек на Ракометниот сојуз на Шпанија.

На состанокот била донесена одлука да нема испаѓање од лигата и таа да биде проширена наредната сезона со двете најдобри екипи од втората лига.

Scroll to Top