Поранешниот репрезентативец на Македонија, Немања Прибак, од наредната сезона ќе го носи дресот на Војводина. Прибак изминатите четири сезони ги мина во Бешикташ.
Средниот бек, кој во кариерата во два мандати го носел дресот на Вардар (2007-2009 и 2012-2015), по пауза од девет повторно ќе игра за екипа од својата татковина. Прибак, роден во Ниш, кариерата ја започнал во 2003 година во Железничар.
Во текот на кариерата играл и за Тримо од Требиње, Колубара и Нант. Интересно тој во кариерата настапувал за репрезентациите на Србија и Македонија.