Дерби мечот, одигран во рамките на А-групата на 26.Светско првенство, понуди врвен ракомет и трилер завршница. Франција избегна пораз од домаќинот Германија благодарение на голот што во последната секунда го постигна Нгесан.
Дуелот во Берлин заврши со резултат 25:25, а покрај голот на Нгесан, пресметката ја обележа и повредата на францускиот капитен Седрик Сораиндо.
34-годишниот пикер, на теренот мина само седум минути, а првите лекарски прегледи покажале дека тој го повредил листот на десната нога.
Официјални информации за повредата на Сораиндо од таборот на Франција нема, а медиумите шпекулираат дека тој нема да игра до крајот на турнирот.
Според медиумите, доколку Сораиндо не може да продолжи, тогаш селекторот Дидие Динар во тимот ќе го стави Никола Карабатиќ, кој целосно е рехабилитиран од повредата и операцијата на десното стапало.