Top Sport

Проблем за ПСЖ – Карабатиќ на принудна пауза

Никола Карабатиќ, најтрофејниот играч во историјата на ракометот, поради повреда нема да биде во тимот на ПСЖ во наредните три месеци.

Карабатиќ ја обновил повредата, која ја има подолг период и со која играше на Светското првенство, на кое со Франција го освои сребрениот медал.

Во јули 2015 година, Карабатиќ од Барселона се пресели во ПСЖ. Со „светците“, досега освои седум титули во првенството и по три Купа и Лига купа. Во дресот на ПСЖ одигра 279 натпревари и постигна 1.009 голови.

Досега не успеа со ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите. Карабатиќ во кариерата триумфирал во Лигата на шампионите со три различни екипи, Монпелје, Кил, Барселона.

Scroll to Top