Top Sport

ПСЖ едвај извлече реми со Кил во четврт-финалето на ЛШ

Надежите на Пари Сен-Жермен на Раул Гонзалес дека ова е сезоната во која, конечно, ќе ја скршат клетвата во ЕХФ Лигата на шампионите и ќе го освојат првиот голем трофеј, не изгледаат најдобро по првиот меч од четврт-финалето, откако со гол во последните секунди успеаја да извлечат само 30:30 (14:16) реми со  Кил.

Минатата сезона, токму ПСЖ го елиминираше Кил во четврт-финалето со голема победа со +6 гола во првото полувреме, но сега тимот на Филип Јиха дојде до слатка одмазда пред домашниот меч. ПСЖ успеаја да поведат со 1:0, по што контролата на мечот ја презеде германскиот клуб, кој направи предност од два гола (16:14) по првите 30 минути. ПСЖ неколку пати успеваше да израмни, но бундеслигашот постојано се враќаше во воство, пред Беноа Кунку да погоди за 30:30.

Сандер Сагосен уфрли шест гола за Кил против својот поранешен клуб, а Хендрик Пекелер додаде пет гола, додека за домаќините, Недим Ремили заврши со осум гола, а Камил Сипжак додаде седум гола.

Scroll to Top