Еден од најдобрите ракометари во историјата, Никола Карабатиќ, го продолжи договорот со ПСЖ. Карабатиќ, пред неколку месеци изјави дека сака кариерата да ја заврши на Олимписките игри во Париз во 2024 година, а клубот се погрижи да му ја исполни желбата.
Карабатиќ е роден во Ниш, Србија, тој за два месеци ќе наполни 39 години. Во кариерата освои се што можеше да се освои. Има три титули во Лигата на шампионите со Монпелје, Кил и Барселона, За Франција досега има одиграно 346 натпревари.
Со репрезентацијата три пати бил олимписки шампион, има златни медали од светските и европските првенства.
Никола дури три пати беше прогласуван за најдобар ракометар на светот, во историјата тоа го направи само Микел Хансен.