Top Sport

ПСЖ на Раул во финишот го „суреди“ Кил за пласман на Фајнал фор

Пари Сен-Жермен е првиот учесник на фајнал фор турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите, откако тимот предводен од поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, во финишот успеа да ја направи потребната разлика за 34:28 победа над актуелниот шампион Кил, елиминирајќи ја предноста од два гола на германскиот клуб од првиот меч (29:31).

По тесното прво полувреме, ПСЖ имаше гол предност (16:15), а тимот на Филип Јиха успеваше да остане на границата на два гола до 45. минута од мечот, кога успеаја со убава серија да дојдат до 30:25 водство кое не го испуштија до крајот.

Елохим Пранди заврши со 9 гола за ПСЖ, Недим Ремили додаде шест, додека за Кил не беа доволни седумте гола на Сандер Сагосен.

Пари Сен-Жермен, кој неколку години е најскапиот ракометен клуб на светот, уште нема титула од ЕХФ Лигата на шампиони.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Пари Сен-Жермен – Кил 34:28 (16:15), прв меч 29:31

Флензбург – Алборг 20.45 ч., прв меч 21:26

Веспрем – Нант утре 18.45 ч., прв меч 28:32

Барселона – Мешков Брест утре 20.45 ч., прв меч 29:33

Scroll to Top