Во пресметка на двата непоразени тимови во ракометната Лига на шампиони, Вардар пред својата верна публика која го наполни СЦ „Јане Сандански“ стигна до импресивна победа од 30:26 над Рајн-Некар Левен, покажувајќи уште една шампионска партија.
За тимот на Раул Гонзалес ова е седма победа во осум натпревари од ЛШ оваа година, покажувајќи дека формата со која минатата сезона ја освоија најголемата титула во историјата е уште тука и покрај неговото заминување за ПСЖ и шпекулациите за одење на уште неколку ракометари.
Иако пречекот на македонскиот репрезентативец, Филип Талевски беше пријатен од скопската публика, истото не можеше да се рече за освојувачот на двојната германска титула.
Уште од почетокот стана јасно дека европските шампиони нема да дозволат Германците да направат сензација со победа во Скопје, со одлична игра во нападот и одбраната. Откако го зголемија водството на 4:2, „црвено-црните“ имаа и пет гола предност (11:6), за на полувремето да заминат со удобна предност од четири гола (17:13).
Разликата на Вардар се намали во второто полувреме, но победата во нит у еден момент не беше под сомнеж кој ќе биде победник на вечерта.
Најефикасен беше црногорскиот „џин“, 23-годишниот Вуко Борозан со седум гола, Иван Чупиќ додаде шест, а Даинис Криштопанс додаде пет. Гостите сметаа на Гонзалес и Шмид, кои имаа по пет гола.