Top Sport

Ракометари на Гранољес загинаа во сообраќајна несреќа

Двајца ракометари на ракометниот клуб Граниљерс загинале, а други двајца биле повредени во сообраќајна несреќа, што се случила во областа Валгоргуина. До несреќата дошло кога автомобилот во кој биле ракометарите на Гранољес се судрил со камион.

Во несреќа, загинале 19-годишниот Марти Гарсија, кој го управувал автомобилот и Хавиер Фуентес кој бил на совозачкото седиште.

Пповредени во несреќата се Пау Наваро и Оскар Олер, поранешен играч на клубот. Според „Мундо депортиво“, Наваро се здобил со тешки повреи и неговата состојба е критична.

Поради трагичната несреќа клубот ги откажал сите активности планирани за денес и утре.

Scroll to Top