Top Sport

Ракометарите ќе добијат 50.000 евра ако се пласираат во втората фаза

Македонската ракометна репрезентација за три дена ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Словачка и Унгарија. Противници на Македонија, во групата во Дебрецин, ќе бидат Словенија, Данска и Црна Гора.

Групата е тешка, но Македонија има реални шанси да избори место во наредната фаза. Ракометната федерација на Македонија, донесе одлука, пласманот во втората фаза да го награди со 50.000 евра.

Македонија, првенството ќе го отвори против Словенија, на 13.јануари, два дена потоа ќе игра со Црна Гора, а на 17.јануари ќе се сретне со еден од фаворитите за златниот медал, репрезентацијата на Данска.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top