Ракометната репрезентација на Македонија, денеска ќе ги започне подготовките за Светското првенство, што во јануари ќе се одржува во Данска и Германија. Репрезентативците ќе се соберат во хотелот „Александар палас“ во 16:30 часот.
Како дел од подготовките Македонија ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Србија. Дуелите ќе се одиграат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“, на 4. и 5.јануари.
„Првиот пријателски натпревар е закажан на 04.01.2019 година во 20:00 часот со директен пренос на ТВ Телма. Натпреварот е од отворен тип и влезот е слободен.
Вториот натпревар на Македонија ќе биде од затворен тип“, стои во соопштението кое Ракометната федерација на Македонија го објави на својата интернет страница.
Противници на македонските ракометари на СП ќе им бидат репрезентациите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.