Foto/ macedoniahandball.com.mk
На 21.март во данската престолнина Копенхаген ќе биде изврешна ждрепката за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија на ждрепката е сместена во вториот шешир заедно со Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција.
Во квалификациите ќе настапат 32 репрезентации. Домаќинитем трите скандинавски држави и актуелниот шампион Франција веќе изборија место на континенталното првенство.
Покрај нив на ЕП ќе патуват по две најдобри селекции од осумтет квалификации групи.
Шешир 1: Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија
Шешир 2: Македонија, Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови, Грција
Шешир 3: БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија
Шешир 4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија.