Top Sport

Ракометарите поразени на вториот тест од Црна Гора

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа минимален пораз (30:31) на вториот пријателски натпревар против Црна Гора што се одигра денеска во Маврово.

Мечот беше од затворен карактер и многу понеизвесен од претходниот на кој Македонија оствари триумф од 38:33.

Националниот тим и на овој натпревар беше без голманот Никола Митревски, како и без Филип Кузмановски, кој допрва треба да се приклучи на репрезентацијата.

Scroll to Top