Top Sport

Ракометарите уште еднаш ја победија Србија

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во контролните мечеви со селекцијата на Србија. По синоќешниот триумф 37-31, во саботата, играчите на Раул Гонзалес славеа минимално 28-27.

Денешниот контролен меч помеѓу Македонија и Србија беше од затворен карактер, а го реши Филип Лазаров на десет секунди до крајот на мечот.

Најефикасни во македонскиот тим беа Пешевски со седум и капитенот Лазаров со пет гола, а на голот Митревски одбрани 13 удари.

Македонските ракометари до стартот на Светското првенство нема да одиграат ниту еден контролен меч. Првенството во Данска и Германија, Македонија ќе го отвори на 11.јануари против Јапонија.

фото/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top