Македонската женска ракометна репрезентација го загуби и четвртиот меч во ЕХФ Купот, губејќи со 20:27 (11:13) од Словенија, овојпат во меч во кој имаа малку шанси за позитивен резултат.
На гостувањето во Целје, ракометарките имаа шанса да стигнат до реми, но го промашија последниот пенал, но овојпат во „Борис Трајковски“, освен првичната предност од 1:0, Словенките беа тие кои го диктираа темпото во текот на целиот меч.
Следниот меч од ЕХФ купот е на програмата на 21 април, кога Македонија ќе го пречека фаворитот во групата, Норвешка.
Фото: Игор Паневски