Женската ракометна репрезентација на Македонија го одржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Словенија во ЕХФ Купот. Нашите ракометарки првиот дуел со Словенките на гостински терен го загубија со 29-28, а утре се очекува многу подобар епилог. Натпреварот се игра од 18.30 часот.
Селекторот Љубомир Савевски ја подготвува оваа селекција за Европското првенство чиј домаќин ќе биде токму Македонија во ноември.
Фото: Игор Паневски