Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, откако загубија со 30:29 од репрезентацијата на Словенија.
Македонските ракометарки, предводени од селекторот Симо Симовски, беа во водство во поголемиот дел на второто полувреме, но на крајот се враќаат со четврто освоено место.