Top Sport

Ракометарките убедливо поразени и од Холандија

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа и втор убедлив пораз на Европското првенство. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски загубија од Холандија со 15:30 откако претходно беа поразени и од Франција.

На стартот Холандија ја покажа силата и поведе со 6:1, а до крајот на првиот дел обезбедија осум гола позитива (9:17).

Првата половина од вториот дел беше можеби и најдобриот период за Македонија на овој меч, добро парираше, но потоа уследи еден огромен период без постигнат гол. Холандија тоа го искористи за да ја „набилда“ разликата и обезбеди убедлив триумф.

Смитс беше најефикасна во селекцијата на Холандија со седум постигнати гола, а Сара Ристовска постигна четири во нашиот национален тим.

Scroll to Top