Top Sport

Ракометна голманка се фрли по топката и се „здрви“ во стативата (видео)

Валентина Саламаха, голманката која ја чува мрежата на германски Битингхајм лесно можеше да заработи тешка повреда откако викендов на натпреварот против Ференцварош од ЛШ имаше несреќен обид за интервенција.

Се играше 55. минута од средбата кога голманката трчајќи да стигне да го одбрани својот гол по упатениот шут од противничките, силно се удри во стативата по што падна како покосена.

Цела среќа е што Саламаха помина само со лесни повреди.

Погледнете ја несреќната интервенција на голманката и реакциите на нејзините колешки од тимот.

Scroll to Top