Top Sport

Линделоф му ја „симна круната“ на Ибрахимовиќ, тој е нај-фудбалер на Шведска

Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Швеѓанецот Виктор Линделоф има посебна причина за задоволтво, тој е нај-фудбалерот на Шведска за оваа година.

Линделоф ја „симна круната“ од главата на неприкосновениот Златан Ибрахимовиќ кој со престижното признание се закитуваше во периодот од 2007 до 2016 година.

Линделоф за признанието вели дека многу му значи.

„Наградата многу ми значи, се гордеам и многу сум благодарен. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи од клубот, но и од оние од националниот тим. Исто и на моето семејство, секогаш е со мене – вели Линделоф.

Scroll to Top