Top Sport

Ракометниот голман Никола Даниловски се удавил во Охридско езеро

Црна вест пристигна утринава од Охрид. Голманот на ракометниот клуб Охрид и повремен член на репрезентацијата, 24-годишниот Никола Даниловски бил пронајден удавен во водите на Охридското езеро, кај месноста Лагадин.

Информациите се дека на телото на Даниловски немало траги од насилство, но засега не се познати причините поради кои настанала смртта.

Даниловски денеска не присуствувал на утринскиот тренинг на Охрид, бил недостапен на телефонот, а трагата му се губи од вчера попладне.

Младиот перспективен голман кој беше на поширокиот список кај селекторите Брестовац и Лазаров потекнува од школата на скопски Металург.

Кратко настапуваше и за Пелистер, а вечерва требаше со својот актуелен клуб Охрид да го игра локалното „езерско дерби“ против Струга.
Фото: ГРК Охрид

Scroll to Top