Top Sport

Ракометот добива две новини

За една недела ќе започне новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Македонија ќе ја претставува шампионот Еурофарм Пелистер. Екипата од Битола, во А-групата ќе игра против Кјелце, Кил, ПСЖ, Загреб, Олборг, Пик Сегед и Колстад.

ЕХФ, објави дека две нови правила ќе се применуваат од оваа сезона.

ВАР технологијата, која досега се користеше само на Фајнл-фор турнирот во Келн. Таа нема да има свои судии, туку е прилагодена на ракометната реалност, а судиите на натпреварот ќе можат да ја користат доколку не се сигурни во својата одлука.

Друга новина е што тренерите нема да шетаат со картоните за тајм аут, туку ќе имаат „печурки“ во близина на клупите кои ќе реагираат на допир кога ќе сакаат да искористат минута одмор.

За Еурофарм Пелистер Лигата на шампионите ќе започне на 13.септември, кога во Битола ќе гостува Колстад. Натпреварот ќе започне во 18:45 часот.

Scroll to Top