Ракометарите уште еднаш ја фрлија во транс цела Македонија. Во драматичен натпревар ја совладаа Чешка со 27:25 и изборија ново учество на Светско првенство. Најавено беше „збогувањето“ од Филип Миркуловски, но изненади и Столе Стоилов кој се прости од националниот тим со оваа голема победа. Капитенот Кире Лазаров го остави простувањето за некој нареден меч, а можеби ќе биде дел од тимот и на мундијалот.
Фото: Игор Паневски