Top Sport

Раул: Бргу да го заборавиме мечот, ќе биде тешко без Кире

Македонскиот селектор, Раул Гонзалес не ја криеше разочараноста од катастрофалниот пораз од 31:20 од Шпанија, велејќи дека повеќе сака да размислува на следните натпревари.

„Немавме шанса од првата минута и игравме катастрофално. По првите 15 минути губевме седум разлика и потоа немаше шанса. Преферирам да го заборавам овој меч и да мислиме на идниот натпревар. Ќе видиме што ќе се случи во следните натпревари“, изјави Гонзалес.

Тој најави дека повредата на капитенот Кире Лазаров е посериозна и дека ние сме без него до крајот на турнирот.

„Мислам дека тој нема да може да игра до крајот, и нормално тоа е голем проблем за нас. Без капитенот ќе биде многу потешко“, додава Гонзалес.

Де Варгас не уништи, Македонија замрзна на -11

Scroll to Top