Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го објави кои играчи ќе ги бранат националните бои на Светското првенство во Данска и Германија.
Шпанскиот стратег на Мундијалот патува со 18 ракометари. Од последниот список отпаднаа голманот Мартин Томовски и левото крило Димитар Димитриовски.
Димитриовски отпадна поради повреда, што значи дека Раул Гонзалес на левата крилна позиција ќе го има само Дејан Манасков.
Македонија СП ќе го отвори в петок, од 15 часот, против Јапонија. Потоа пред избраниците на Раул Гонзалес ќе се најдат Бахреин (13.јануари, 14 часот), Хрватска (14.јануари, 18 часот), Шпанија (16.јануари, 20.30 часот) и Исланд (17.јануари, 18 часот).