Top Sport

Раул Гонзалес го напушта Вардар, потпишал тригодишен договор со ПСЖ

Актуелниот предводник на европскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалес, по завршувањето на сезoната ќе го наследи Нока Сердарушиќ на кормилото на финансиски најмоќниот клуб во ракометниот свет Пари Сен Жермен. Оваа информација која во текот на денот ја објавија неколку домашни и странски медиуми, вечерва ја потври и влијателниот „Лекип“.

Според истиот извор, откако „зелено светло“ за трансферот дале катарските сопственици, 47-годишниот тренер вечерва го ставил својот потпис на тригодишниот договор со ПСЖ.

Договорот помеѓу Раул Гонзалес и ПСЖ ќе започне да важи од 1 јули 2018 година, односно откако ќе му истекне договорт на актуелниот тренер Сердарушиќ.

Вардар е првиот клуб кој Раул Гонзалес го предводи самостојно, откако преходно му беше асистент на Талан Душебаев во Сиудад Реал и Атлетико Мадрид.

Раул Гонзалес во Вардар пристигна во 2013 година.

Scroll to Top