Top Sport

Раул Гонзалес најдобар тренер во светот

Тренерот на ракометарите на Вардар Раул Гонзалес е избран за најдобар во струката во 2017 година. Шпанецот е прогласен за најдобар во изборот на специјализираниот ракометен поратал „Хендбол планет“.

Гонзалес (47) во Вардар дојде вп 2014 година, а најголемиот успех го постигна во јуни оваа година кога со тимот се искачи на ракометниот врв.

Шпанецот е и актуелен селектор на ракоемтната репрезентација на Македонија со која избори пласман на Европското првенство во Хрватска.

Раул Гонзалес е вторито од тимот на Вардар кој е прогласен за најдобар во 2017 година. Пред него наградата за најдобар голман ја доби Арпад Штербик.

Scroll to Top