Top Sport

Раул и ПСЖ ќе почекаат за титула – Барса го победи најбогатиот ракометен клуб

Барселона со 37:32 го совлада тимот на Пари Сен-Жермен во првиот меч од Фајнал фор турнирот во Лигата на шампионите во Келн, за да се бори за својата десетта европска титула и уште еднаш да го одбележи европскиот неуспех на ПСЖ и покрај тоа што се работи за најбогатиот ракометен клуб на светот.

Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес ќе мора да почека на нова шанса да ја освои својата втора европска титула (останува да се види дали на клупата на ПСЖ), откако тимот полн со ѕвезди беше подобар противник само на стартот на мечот, за потоа да дозволи Каталонците да направат разлика која ја заддржија до крајот.

Дика Мем ги предводеше Каталонците со осум гола, Арон Палмарсон додаде шест, додека кај ПСЖ, Дилан Наи заврши со девет гола, а Микел Хансен имаше седум.

Во вториот меч на необичниот декемвриски Фајнал фор, кој беше поместен поради корона вирусот и во кој беа избрани четирите екипи со најдобар скор во недовршената сезона, ќе играат унгарскиот Веспрем и Кил во 20.30 часот.

Финалето на програмата е веќе утре во 20.30 часот, откако претходно во 18.00 часот ќе се оддржи мечот за трето место.

ЕХФ ФАЈНАЛ ФОР, ПОЛУФИНАЛЕ

Барселона – Пари Сен-Жермен 37:32(18:14)

Веспрем – Кил 20.30 ч.

Scroll to Top