Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го посочил голманот на Хрватска Марин Шего како клучен фактор за поразот на „црвено-жолтите“ 31:22), на Светското првенство.
Шего мечот со Македонија го заврши со 13 одбрани од кои повеќе беа клучни во два периоди од натпреварот. Благодарение на неговите одбрани Хрватска во првиот дел создаде предност од пет гола, а во раната фаза од вториот дел кога македонските ракометари беа во налет не им дозволи да се доближат на повеќе од три гола негатива.
„Знаевме дека е тешко да се игра против Хрватска и поради тоа форсиравме напад седум на шест. Во одбраната со зоната 5-1 на моменти им создававме проблеми, но моравме да ја смениме одбраната кога и Хрватска започна во нападот да игра седум на шест. Наш најголем проблем беше Шего кој бранеше совршено. Бранеше се шт шутиравме од шест метри, не ни дозволи да се вратиме во мечот. Имавме шанси во второто полувреме, но не ги искористивме. Се уште можеме да се пласираме во наредната фаза, фокусирани сме на тоа“, рекол македонскиот селектор Раул Гонзалес.
Македонските ракометари денес ќе одмараат пред клучните две средби за пласман во втората рунда. Во среда Македонија од 20.30 часот ќе игра против Шпанија, а в четврток до 18 асот е пресметката со Исланд.