Top Sport

Раул тренер на сезоната во Франција

Поранешниот тренер на Вардар Раул Гонзалес е прогласен за најдобра тренер во Франција во сезоната која поради коронавирусот не го доживеа својот крај.

Францускиот сојуз го прекина првенството, а титулата им ја додели на ракометарите на ПСЖ чии тренер е Раул Гонзалес. Шпанецот во периодот од 2017 до 2019 година ја предводеше и македонската репрезентација.

Покрај твворецот на шампионската генерација на Вардар, која во 2017 година ја освои Лигата на шампионите, од ПСЖ четворица се најдоа во идеалниот тим на сезоната. Тоа се голманот Коралес, дефанзивецот Морос, средниот бек Сагосен и десниот бек Ремили.

Покрај овие четворица во идеалниот тим место најдоа двајца играчи на Ним, левиот бек Пранди и десното крило Санад, а составот го пополнија левото крило на Монпелје Дескат и пивото на Нант Турна.

Scroll to Top