Top Sport

Капитенот ќе остане во ПСЖ

ПСЖ на капитенот на тимот Тијаго Силва ќе му понуди нов договор. Договорот на Бразилецот истекува на 30 јуни, а медиумите шпекулираат дека тој би можел да се врати во Милан.

Тијаго Силва има 35 години се наоѓа на залезот на кариерата меѓутоа во ПСЖ веруваат дека тој се уште може да му биде од голема помош на соиграчите.

Поради тоа тие биле подготвени да му понудат едногодишен договор. Прашање е дали Силва ќе ја прифати соработката бидејќи ќе треба да се согласи на намалување на платата.

Scroll to Top