Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека ја исплатиле премијата од 30.000 евра на машката ракометна репрезентација за пласманот во втората фаза на Европското првенство во Хрватска во јануари.
Македонија ги победи Словенија и Црна Гора и одигра нерешено со Германија за да го освои првото место во групата Ц, а по трите порази во втората фаза шампионатот го завршивмен а 11 место во петтиот настап на ЕП.
Со пласманот на ЕП 2018 во Хрватска, Македонија осигура место во групата на носители во баражот за СП 2019 каде за противник ја доби Романија, а обезбеди и место во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на ЕП 2020.
Фото: ЕПА