Top Sport

Рибера: Шпанија ја очекува војна во втората рунда

Шпанскиот селектор Жорди Рибера верува дека неговата репрезентација ќе се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска и покрај поразот од Данска, и очекува со дуелот со Македонија да почне „војната“ за полуфинале.

„Требаше да ја победиме Данска, но уште не ги загубивме шансите да бидеме во полуфинале. Понекогаш е потребно да бидеш поразен за да направиш пресврт и да тргнеш напред. Мораме да бидеме многу подобри во одбраната, бидејќи така ќе имаме шанси за контранапади и потребни ни се барем пет-шест такви гола за убедливи победи“, вели Рибера.

Шпанија „ловот“ на полуфинале го почнува против Македонија в недела во 20.30 часот.

„Имаме четири дена одмор и се надевам дека Жулен Агинагалде и Гидеон Гвардиола ќе се вратат во форма. Можеме да се натпреваруваме со секого, но знам дека сега секој следен натпревар ќе биде војна, посебно бидејќи сите имаат шанси за пласман“, објаснува шпанскиот стручњак.

Scroll to Top