Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го скрати списокот на играчи, на кои ќе смета за квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија.
Квалификациите за ЕП во 2022 година, Македонија ќе ги отвори против Финска во Скопје, на 4.ноември, а три дена подоцна националниот тим ќе гостува во Швајцарија.
На спискот од 19 ракометари го нема долгогодишниот голман на репрезентацијата, Борко Ристовски, исто така меѓу понвиканите го нема и неговиот клупски колега од Вардар 1961, Гоце Георигиевски.
Најмногу играчи на спискот има од Еурофарм Пелистер.