Top Sport

РК Алкалоид ги претстави новите засилувања (ФОТО)

РК Алкалоид следната сезона, во која ќе се натпреварува и во Европската лига, ќе има четворица нови ракометари во составот. Нови играчи се репрезентативецот на Македонија, десниот бек Мартин Велковски, младиот пикер Стефан Стојчевиќ, а за првпат во екипата ќе има и интернационалци. Тоа се левото крило Арно Бинго од Франција и голманот од Куба, Алехандро Ромеро.


Арно Бинго ќе биде најискусното име кога станува збор за неговата биографија. Бинго, кој има 35 години, е поранешен репрезентативец на Франција, а во текот на кариерата настапувал за португалските екипи Бенфика и Спортинг, како и за француските Трембле и Монпелје.


Алехандро Ромеро е вториот странски ракометар. Кубанецот бранеше за Екс Провaнс, Понто Комбо од Франција, за шведскиот клуб Онередс Аристика и за Порто од Португалија.

Мартин Велковски е 26-годишен десен бек кој доаѓа од тимот на РК Еурофарм Пелистер, а претходно настапуваше за РК Металург. Мартин Велковски има настапувано за македонската репрезентација на ЕП во Хрватска во 2018, на ЕП во Австрија во 2020, на СП во Египет во 2021 и на ЕП во Унгарија во 2022.

Стефан Стојчевиќ е пивот кој има 20 години, висок е 207 сантиметри, а доаѓа од РК Бутел Скопје.

Scroll to Top