Ракоеметарите на Алкалоид остварија важна победа (26 : 32) на тешкото гостување против ГРК Охрид во четвртото коло од плејоф-шампионатот. Со оваа победа Алкалоид се искачи на третото место на табелата со девет освоени бодови.
Првиот дел беше израмнет и заврши 14:14, но избраниците на Кире Лазаров покажаа многу подобра физичка подготвеност во второто полувреме и со серија од 6:0 стигнаа до 23:29 во 54.минута. Тоа се покажа пресудно за победа.
Костадин Петров со пет и Игор Ѓоргиев и Иван Џонов со по четири постигнати гола беа најефикасни играчи тимот на Алкалоид.