Top Sport

РК Вардар договори засилување за следната сезона: Нејц Цехте ќе носи „црвено-црно“

Македонскиот ракометен првак Вардар го договори првото засилување за следната сезона. Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте, 29-годишен десен бек, ќе ја засили десната бековска позиција на „црвено-црните“.

Цехте оваа сезона настапува за Хановер, а во Вардар ќе дојде како слободен играч откако ќе му истече договорот со германскиот клуб. Тој потекнува од школата на Горење Велење, клуб за кого настапуваше од 2013 до 2018 година, кога се реши за прв интернационален предизвик и се пресели во Хановер.

Доаѓањето на Цехте најверојатно ќе значи и разделба со еден од сегашните бекови, Кевин Њокас и Куни Моралес.

Scroll to Top