Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961, објави актуелниот освојувач на Купот. Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува следната година.
Петриќ доаѓа од екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што се играше во Македонија.
Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ, кој својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“.