Top Sport

РК Вардар се засили со српскиот бек Матија Николиќ

РК Вардар го потврди третото засилување пред новата сезона, откако младиот српски бек Маатија Николиќ потпиша двегодишен договор со опција дополнителна година.

Тој ги мина медицинските тестови и веќе е со тимот во Скопје, како трето засилување по Марко Срдановиќ и Стефан Петриќ. Николиќ има 22 години и во последните три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат каде го носеше дресот на Шкофја Лока. Таму се пресели во сезоната 2020/21, и тогаш на 26 меча даде 75 гола.

Од клубот велат дека на подготовките има уште неколку засилувања кои треба да ги минат лекарските прегледи пред да ги потпишат и официјалните договори со клубот. Вардарци покрај подготовките во Скопје ќе заминат и на висински подготовки на Маврово, и ќе настапат и на турнирот во Струга.

Scroll to Top