Top Sport

Русинките го добија домаќинот на отварањето на ЕП (видео)

Женската ракометна репрезентација на Русија покажа зошто е актуелен олимписки шампион, откако на отварањето на Европското првенство со 26:23 го победија домаќинот Франција за совршено отварање на шампионатот.

Пред над 5 илјади домашни навивачи во салата „Жан Веил“, Французинките успеаја да се држат на ниво во првото полувреме, но силата на Русинките на крајот дојде до израз и тие стигнаа до убедлива победа.

Дарја Дмитриева даде осум голови за „зборнаја“, а Дарја Самохина додаде 7, додека за Французинките најефикасна со шест беше Орлан Канор.

ГРУПА Б

Франција – Русија 23:26 (11:11)

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');