Top Sport

Русинките пресилни за Србија, Франција ремизираше со Шведска (Видео)

Русија ја победи Србија, а Франција и Шведска ремизираа во Групата 1, додека во Групата 2 Унгарија ја победи Германија.

Русинките во дербито лесно се справија со Србинките, победија 29:25 и дојдоа на чекор до пласман во полу-финалето. Техничките грешки скапо ги чиниа Србинките, особено во моментите кога фаќаа приклучок. Два пати, еднаш во првото, еднаш во второто полувреме кога имаа негатива од два гола не реализираа по два напади со две ракометарки повеќе.

Искусните Русинки сето тоа знаеја да го казнат, а кога во 46.минута стекнаа предност од шест гола, јасно беше кој ќе ги освои бодовите.

Дарја Дмитриева со седум и Ана Вихарјева со шест гола беа најефикасни кај Русија, а Србија со седум гола ја предводеше Катарина Крпеж-Шлезак.

Франција и Шведска ремизираа 21:21. Французинките имаа напад за победа но поранешната ракометарка на Вардар Сираба Дембеле не успеа да погоди. Изабел Гулден постигна шест гола за Шведска, а гол помалку на спротивната страна постигна Александра Лакрабер.

Унгарија успае да ја победи германија 26:25 и да ги задржи шансите за пласман во полу-финалето. Викторија Лукаш со седум и Ноеми Хафра со пет гола ја предводеа Унгарија, додека Гермнките ја имаа најефикасната ракометарка Алисија Столе која постигна девет гола.

Во вториот меч во оваа група Холандија убедливо ја порази Романија 29:24. Холанѓанките успеаа да ја задржат Кристина Неагу која постигна само четири гола, а за да стигне до таа бројка потроши 14 топки.

Деби Бонт и Лоис Абинг постигнаа по шест гола за Холандија, а Романија ја предводеше Јулија Букеши со осум гола.

Во Груата 1 води Русија со 6, пред Франција со 5 и Шведска со 3 бода, додека Србија, Црна Гора и Данска имаат по два бода. Франција и Шведска имаат одиграно по два меча, а сите останати по еден.

Во Групата 2 Холандија има 6 бода, Холандија, Унгарија и Германија по 4, а на дното се Норвешка со два и Шпанија која е без освоен бод. Германија и Унгарија во оваа група имаат одиграно по два натпревари.

Scroll to Top